Tue. Dec 10th, 2019

А Г О Р А

ВЕСТИ, ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ

ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на повеќе партиски комисии

1 min read

На вчерашната редовна седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени неколку кадровски решенија. По одлука на ИК, а по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати избрани се членови и претседатели на повеќе комисии.

За претседател на комисија за надворешни работи е избрана доц. д-р. Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, доктор на правни науки, насока Уставно право. Рунчева Тасев има објавено 30-тина трудови во домашни и странски списанија од областа на правото и политичкиот систем. Рунчева Тасев говори англиски и германски јазик.

За претседател на комисијата за здравство е избран доц. д-р. Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет – Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.

За претседател на комисијата за култура е избран Зоран Љутков, вработен во Драмски театар – Скопје. Љутков глуми во повеќе театарски претстави, а учествува и во телевизискиот серијал „Петко“. Љутков е и Селектор за драмската програма на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето“.

За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година. Ристески е член на ВМРО-ДПМНЕ  од 1993 година, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, член на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ  во минатото.

За претседател на комисијата за спорт е избран доц. д-р. Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје. Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје, предавач на центар за едукација на ракометни тренери на  РФМ, како и спортски директор во Академија Пандев Струмица 2017/2018.

Покрај претседателите, се избрани и членови на истоимените комисии.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше и за моменталната економско-политичка ситуација во државата. Нотирано е дека власта врши политички реваншизам и ги злоупотребува институциите. Најстрого е осудено апсењето и притворање на Димовски, Митески и другите гонети во политичкиот процес од страна на власта, кој има за цел дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.

Беше констатирана и лошата економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ  нотира дека државата нема просперитет со СДСМ на власт  и потребно е нивно итно заминување.

Извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.