Mon. Jan 13th, 2020

А Г О Р А

ВЕСТИ, ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ

СДК: Амзоски демантира дека платил „рекет“ за Боки 13, а за „Дрим Билдинг“ парите платени на Меѓународниот сојуз се за стратешко партнерство и деловна соработка


Сакам да Кажам пренесуава демант на Амзовски, по обвинувањата на поранешниот градоначалник Трајковски, дека платил рекет за повлекување на обвинение од СЈО.

Ардијан Амзоски и фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга најостро ги отфрлаат шпекулациите дека Ардијан Амзоски му платил 261.853 евра на Боки 13 за специјалната обвинителка Катица Јанева да му повлече обвинение, велат од „Дрим Билдинг“.

Соопштението на струшката компанија доаѓа откако во петокот на судењето за предметот „ТНТ“, каде што Амзоски е оштетена страна, обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба Тони Трајковски побара изземање на Јанева бидејќи, како што кажа тој, се сомнева дека Амзоски му платил 260 илјади евра на Боки 13, осомничен во „Рекет“, за Јанева да му го повлече обвинението во „ТНТ“ за рушењето на „Космос“, каде што Амзоски бил инвеститор.

Од „Дрим Билдинг“ велат дека парите му се платени на Меѓународниот сојуз за стратешко партнерство и деловна соработка и дека откако здружението на Боки 13 и координаторот на проектот Јасна Мандиќ не ги исполниле своите обврски од договорот, „Дрим Билдинг“ поднел тужба во Основниот граѓански суд.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.