Mon. Feb 24th, 2020

А Г О Р А

ВЕСТИ, ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ

ВИКТОР ТРИФУНОВСКИ: Змијата се тепа по главата, а не по опашката

1 min read

Наздравје нека им е на сите кои веруваа дека СЈО ке донесело некаква правда, па дури и правна држава. Но, овде посебно не алудирам на шарените револуционери и нивната побожна верба во маргиналната судијка Катица и нејзиниот избор на ваква голема функција…прво сакам да се освестат оние кои Грувески сеуште го сметаат за некаков патриот, и ѓоа чувар на нашето уставно име.

Груевски избега по референдумот и по гласањето на Преспанскиот Договор. Тој е клучниот играч кој ги „убеди“ 8-те пратеници на ВМРО да гласаат за уставните промени. Неговото бегање не е никаков заговор меѓу Грујо и неговите структури во институциите (кои демек неможеле да бидат откриени сеуште) туку бегството е награда за 8-те пратеници, и тоа награда од СДС и Меџународната (во која исто погрешно верувате дека од нас, некако со сила, ќе создаделе правна држава).

Затоа нема никаков меѓународен притисок, ниту кон Орбан, ниту пак кон нашата Влада.

И сега кој ви е заклучокот после оваа слика…нови реформи во судството? Не бидете наивни! Македонија ја држат тајните служби, и тоа преку судството, крупниот капитал приватизиран во 1990-тите, и нормално преку двете најсилни партии. Од тајни југословенски убијци, тие се денес претворени во валкани теренски играчи во корист на надворешните фактори, па и на одредени меѓународни НВО џукели (зависи кој колку ќе плати, премолчи, какви други бенефиции ќе даде).

Надворешните фактори неможеме да ги промениме. После се, тие се исти и за нас, и за Скандинавските земји (на пример). Нивното делување во секоја држава е исто, а се сведува на притисок врз најмоќниот фактор. Кај нас се тоа господарите на животот и смртта-тајните „безбедносните“ служби кои реално не се потчинети пред никого…работат крајно нетранспарентно, тотално се недопирливи, и ретко кога се предмет на јавна дебата, и тоа за помалку важни прашања.

Тие треба да се распуштат, нивните кадри да се оддалечат од сите државни институции, и да се создадат нови од темел. Без тоа, ниту ќе видите правна држава, ниту пазарна економија, ниту ќе се раатисате од повремени надворешни субверзии.

ЗМИЈАТА СЕ ТЕПА ПО ГЛАВА, А НЕ ПО ОПАШКА!

Виктор Трифуновски, Чикаго, 22. 11. 2019

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.