Mon. Jan 13th, 2020

А Г О Р А

ВЕСТИ, ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ

ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА: Работни средби и средби со македонската дијаспора во Австралија

1 min read

Плодни работни средби со тројца конгресмени и еден сенатор на Австралискиот парламент…

Конгресменот Craig Kelly, потоа конгресменот Rick Willson, конгресменката Anne Stanley и сенаторот генерал Jim Molan легендата на Австралиската авијација и армија.

На вечера со главниот менаџер на агенцијата која ги водеше изборните кампањи на двајцата поранешни премиери на Австралија, а во моментов ја водат кампањата на британскиот премиер Борис Џонсон.

Продолжуваме утре со нови средби во Конгресот и Владата на Австралија…

Видео од моето поздравно обраќање на собирот на Македонците иселеници во C. Bankstown…NSW, Australia, 22/11/2019

Публикувахте от Интегра в Събота, 23 ноември 2019 г.
Видео од моето поздравно обраќање на собирот на Македонците иселеници во C. Bankstown…NSW, Australia, 22/11/2019

Денес средба со министерот во Австралиската влада за популација, градови и урбана инфраструктура, г. Alan Tudge MP, половина час плодни разговори и нагласен интерес за Македонија и процесите кои ги води ИНТЕГРА и перспективите на новата доктрина на надворешната политика која ја најавуваме како партија…

Средба и со шефот на кабинетот на министерот за надворешни работи на Австралија, г. Justin Bassi и детално објаснета позицијата на македонскиот национален интерес во татковината Македонија, но и погубноста на Преспанскиот договор и неговиот потенцијал за пролонгирана конфликтност во Македонија и регионот.

Исто така, остваривме особено важна едночасовна средба со федералниот директор на Либералната партија на Австралија, г. Andrew Hirst, кој е најзаслужниот за победата на неодамнешните избори во Австралија, конзервативец по убедување и голем пријател на Македонија и на нас Македонците.

Патем и ново интервју за државната телевизија на Австралија, SBS TV…кое ќе биде емитувано деновиве…и споделено со македонската јавност.

Забелешка: Сликите со претставниците на Владата на Австралија ќе ги објавиме после процедуралното одобрение од службите на нивното Министерство за надворешни работи…

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.