Thu. Jan 16th, 2020

А Г О Р А

ВЕСТИ, ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ

Радио Слободна Европа: Огромни разлики во платите на државните факултети


Радио Слободна Европа пишува дека има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, се финансирани нетранспарентно, покажа истражувањето на Академскиот синдикат. Ние “ловиме” студенти за да ни бидат повисоки односно нормални платите, со тоа се спушаат критериумите на знаење, коментираат професори.

Просечната нето плата на УКИМ изнесува околу 38 илјади денари, но по факултети изност на платите значително се разликува, покажаа резултатите од неколкумесечна анализа на платите на вработените во јавните универзитети.

Највисоката плата од 60 илјади до 122 илјади денари се зема на само три од вкупно 28 факултети на УКИМ, а најниската палта е под 500 евра или само 36 илјади денари.

Истражувањето покажа дека на УКИМ речиси една третина од редовните професори (31 отсто) земаат плата под 40.000 денари (16 проценти до 38.000, а 15 отсто меѓу 38.000 и 40.000), највисок процент (45 отсто) на УКИМ се со примања од 40.000 до 50.000, 13 отсто земаат меѓу 50.000 и 60.000 денари, а само 11 проценти на Скопскиот универзитет примаат плата над 60.000 денари.

Освен на факултетите на УКИМ, анализата укажува и на големи разлики меѓу платите за иста работа и вложен труд на различни универзитети. На УКИМ има случаи кога редовни професори се со пониска плата од доцент на Државниот универзитет во Тетово.

По укажувањата од Независниот академски синдикат дека има огромни разлики во платите на вработените во јавните универзитети министерот за образование и наука Арбер Адеми рече дека сите вработени во јавните универзитети добиваат ист износ на партиципација на плата од страна на државата. Тој кажа дека разликата е во тоа што скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ не е интегриран и секоја единица на Универзитетот има сопствени средства кои ги распределува по основ на плата

” Проверете во ДУТ дали има разлика или на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетот на Југоисточна Европа. Земаат иста плата. Разлика во платите има на УКИМ бидејќи не е интегриран универзитет како останатите. Тука факултетите имаат и сопствени приходи и во зависност од овие приходи тие самите одлучуваат да ги распределат по основ на плати” изјави Адеми.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.