Thu. Jan 16th, 2020

А Г О Р А

ВЕСТИ, ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ

24 вести: МВР МОЛЧИ, ОЈО ОТКРИВА ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕ КОИ БИЛЕ НАПАЃАЧИТЕ СО АВТОМАТСКО ОРУЖЈЕ


Полицијата сеуште не утврдила кои се напаѓачите кои упаднале со автоматски пушки во саботата вечерта во скопскиот хотел Александар Палас, велат од основното јавно обвинителство. Од обвинителството велат дека неколку часа пред пукањето во хотелот се случил друг инцидент, кога четири лица кои седеле во хотелот при обидот на бидат легитимирани од страна на 11 полициски службеници упатиле сериозна закана врз животот на полициските службеници. Затоа е отворена постапка против четири лица за загрозување на сигурноста на полициски службеници. Од обвинителството информираат дека тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се уште се трага. Обвинителството од судот побарало мерки на претпазливост но не и притвор.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.